Чарли Шин со нова божица

Близок извор на Чарли изјави за TMZ, дека Чарли и 24 годишната порно ѕвезда Џорџија Џонс се во врска, а таа не губи ниту секунда и веднаш се пресели во неговиот дворец во Лос Анџелес.

На Чарли особено му се допаѓа Џорџија, затоа што таа за своите порнографски сцени снима само со девојки, за разлика од неговата претходна партнерка Бри Олсон, чија сцена со анален секс беше прогласена за најдобра сцена во 2008 та година, изјави близок пријател на Чарли.

Според изворите, ова и не е некој обичен флерт, во однос на тоа дека Чарли не се чувствувал волку добро со некоја девојка многу оддамна, барем од раскинувањето со Бри Олсон, кога таа стави прекин на нивната врска преку смс порака, пред околу две години.

Чарли моментално ужива со Џорџија на нивниот заеднички одмор во Мексико, а наводно Чарли намерно се појавува во јавност со неа за да докаже на светот дека се уште може да има добра, млада и секси девојка.

Пронајдете не на следниве мрежи: