Кејти Холмс спие во метро

Дури и славните се изморуваат и заспиваат во метро, според фотографијата што можеме да ја видиме.

Кејти Холмс е забележана како прави една кратка дремка, додека се вози во преполно метро во Њујорк. Зафатената актерка и самохрана мајка и другпат е видена како го користи јавниот превоз, но никогаш не е начекана во краток сон.

Облечена во сив џемпер и црна сукња, ѕвездата од „Dead Accounts“ заспа додека ја држеше својата преслатка ќеркичка Сури, која јадеше јаболко.

Се надеваме само дека нема да ја пропушти станицата.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: