Црногорската манекенка Катерина Кнежевиќ, која минатата година соопшти дека живее во вилата со Силвио Берлускони, изјави дека информациите за свршувачката меѓу поранешниот премиер на Италија и Франческа Паскал се лага.
Во прашање била само медиумска фарса, а нејзината љубов со Берлускони е онаа вистинската. „Берлускони постојано ми се јавува, нашата љубов е поголема од цела Италија! За личност како него, јас сум спремна да убијам и би умрела за него!“ – изјави манекенката за италијанскиот ФАТО.
Таа тврди дека веридбата со Франческа е измислица, бидејќи за да ја спаси својата политичка кариера, Берлускони треба да прикаже во јавноста дека се смирил и дека ќе основа семејство.
На прашањето дали живее заедно со Силвио, манекенката вели дека тие двајца „живеат насекаде.“
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Катерина се обидела да го запознае Берлускони уште во 2009 година, при неговата постеа на Црна Гора. Наводно планот и успеал и обезбедувањето ја пуштило кај премиерот. Тогаш таа се уште беше малолетна, односно имаше само 17 години.
Од таа постеа на Црна Гора, не постојат никакви фотографии од Катерина и Силвио заедно. Нивната прва заедничка фотографија се појави два месеца подоцна, тие беа сликани на ВИП ложата на Сан Сиро, три дена откако Катерина наполни 18 години.
Нема сомневање дека Берлускони преферира помлади девојки. Катерина е родна 1991 година, а Франческа е помлада од Силвио цели 49 години.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: