Прво па машко: Дејан Матиќ доби син!

Сопругата на пејачот, Јелена, вчера утрото во Беч роди здраво машко дете тешко 3.7 килограми на кое му го дадоа името Зоран.

Пејачот Дејан Матиќ стана татко, вчера утрото неговата сопруга Јелена во Беч роди дете тешко 3.7 килограми. Гордиот татко не можеше да присуствува на породувањето поради снимање на новогодишна емисија.

 

– Бев во Беч пред десетина дена, а таму со Јелена остана нејзината мајка. Породувањето помина во најдобар ред – изјави Дејан и додаде:

– Имав закажани настапи, а во Белград морам да одам на снимањето на новодишна емисија за Гранд, па и да прославам со пријателите. Одма потоа одам да го видам син ми. Името го доби по покојниот татко на Јелена, мој татко, но и голем пријател, Зоран, кој неодамна почина, инаку бевме неразделни и му посветив песна – заклучи популарниот пејач.

Пронајдете не на следниве мрежи: