Дознајте колку заработуваат познатите од новогодишната ноќ

По 40.000 евра ќе „лапнат“ Севе во белградскиот клуб „Магацин“, Чола во Будва, а Џибони за истата сума ќе пее во Пореч.

 

Горан Бреговиќ за 120.000 евра ќе настапи за дочек на Новата Година во главниот град на Русија, Москва. Сепак, не е за потценување ниту сумата која за своите настапи на најлудата ноќ во годината ќе ја заработат Северина, Здравко Чолиќ и Џибони.

По 40.000 евра ќе „лапнат“ Севе во белградскиот клуб „Магацин“, Чола за забавата во Будва, а Џибони за истата сума ќе пее во градот Пореч.

„Нови фосили“, пред дочекот ќе пеат во Црна Гора, а потоа ќе заминат во Дубровник. И на двете места ќе наплатат по 20.000 евра.

Скапо ќе наплатат и Аки Рахимовски, кој со „Парни ваљак“ ќе настапува во Опатија за 30.000 евра. По точно три децении откако последен пат таму пееше за Нова Година, Лепа Брена ќе ја дочека со белграѓани. За настапот во „Генекс Импулс Хол“ таа подготвила специјална новогодишна програма која ќе трае 6 часа.

Засега се уште не се знае кој ќе ги забавува скопјани за најлудата ноќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: