АГОНИЈА: „Секој ден се молам да ја пронајдат мојата ќерка. Часовите се како вечност!“

Дваесетгодишната Кристина Фењсароши од Србија, исчезна во Лондон пред повеќе од 30 часа.- Треперам од грижи за Кристина. Секоја минута е долга како ден, секој час е како вечност, вели за српски Курир Тимеа Фењсароши, мајката  на 20-годишната Кристина, која исчезна пред два дена во Лондон. 
На Кристина во средата ѝ се губи секаква трага. Мајката по неколку пораки кои ги оставила на Фејсбук, а Кристина не ѝ одговорила, сфатила дека нешто не е во ред со неа во Лондон.
– Така комунициравме откако пред три недели отиде во Лондон. Стапив во контакт со нејзината цимерка, ми потврди дека Кристина исчезнала и дека никаде ја нема, вели мајката на Кристина.

Таа вели дека нејзината ќерка е многу одговорна личност
– Никогаш не излегуваше од дома и како одлична ученичка заврши гимназија. Само нашата Кристина да е добро, рекла со вознемирувачки и трепелив глас нејзината мајка.
Откако дознал дека нејзината ќерка ја нема, таткото на Кристина непрестано плаче.
– Најлошо му е на него. Око не затвори од моментот кога слушна дека Кристина ја нема. Од амбасадата во Лондон ни соопштија дека се трага по нашата ќерка. Делот на Лондон каде Кристина престојувала е преплавен со фотографии со нејзиниот лик, вели мајката на исчезнатата девојка.- Треперам од грижи за Кристина. Секоја минута е долга како ден, секој час е како вечност, вели за српски Курир Тимеа Фењсароши, мајката  на 2

Пронајдете не на следниве мрежи: