Откриени шокантни детали околу најпознатиот холивудски пар

Неодамна во јавноста излегоа некои детали за вистинскиот однос помеѓу актерката Елизабет Тејлор и нејзиниот сопруг Ричард Бартон кој имено беше и нејзината најголема љубов.

 

DailyMail објави некои делови од  книгата 'The Richard Burton Diaries' кои детално го опишуваат неговиот брак со неповторливата Тејлор.

 

Имено Ричард во неговата книга објавил дека нивниот брак се состоел од долги, пијани, гласни и глупави караници. Во дневниците, Бартон опишува како неговата сопруга со која два пати застана пред олтар, често одела во кревет мртва пијана, шетала несредена и не можела да се контролира. 

 

Често звучела како болно дете, бидејќи често зборела бавно, неповрзано и неможела да си го контролира одењето.

 

Тој објавил дека животот му бил многу досаден, особено во тие денови кога и тој не бил пијан, и кога се морал да и повторува по два пати. Тоа за него претставувало огромна бол, да не може да биде со неговата најголема љубов онака како што треба.

 

Во дневниците тој објаснува како таа за него претставувала најголема љубов, живот, како тој не може да си го замисли својот живот без неа и како смета дека тие се судени еден за друг. Кога тие двајца биле во караница, ситуацијата несомнено личела на олуја.

 

Една ситуација тој ја објаснува на следниов начин:

'Вчера изненадно станав мрзоволен, без никаква посебна причина. Елизабет се расправаше со мене на таков зајадлив начин, полна со машка гордост и не попушта. Зборовите кои таа ги користеше беа релативно безопасни, но таа ги изговараше на таков злобен начин кој звучеше толку многу страшно, а јас не бев ни пијан.'

 

Имено Бартон и Елизабет Тејлор беа во брак цели 10 години од 1964 до 1974, а после разводот повторно застанаа пред олтар. Вториот нивен брак траеше една година, 1975 до 1976 година.

 

Извор: dnevnik.hr

 

Пронајдете не на следниве мрежи: