Кристина Агилера “пукаше” во корсетот на доделувањето на АМА наградите

Добро познато е дека Кристина Агилера веќе некое време има проблеми со вишокот на килограми, но ни тоа овој пат не и претставуваше потешкотија за да на синоќешното издание на доделувањето на Американските музички награди, на сцената се појави во тесен корсет надополнет со кратки пантолончиња.
Агилера изненади со појавувајање на сцената со чизми над колената, мрежести чорапчиња, како и провокативен корсет, надополнети со настап и кореографија кои беа и повеќе од предизвикувачки.
Неодамна во неколку од своите дадени интервјуа Кристина Агилера истакна дека ужива во својот вишок на килограми, додавајќи дека е среќна и задоволна бидејќи нејзиниот избраник ја посакува онаква каква што е.
На појавувањето на црвениот тепих Агилера и повеќе од задоволно носеше креација која ги истакнува нејзините облини, особено нејзините гради, додека модните критичари се прозинесоа со заклучокот дека ја сместуваат меѓу редовите на оние кои биле најлошо облечени за таа вечер.

Пронајдете не на следниве мрежи: