Холивудскиот актер Силвестер Сталоне, познат по своите мачо улоги во Роки и Рамбо, неодамна изјави дека ”омекнал” бидејќи во неговото опкружување и дом тој бил постојано со жени.
Претставувајќи го својот најнов филм “Bullet to the Head” на Филмскиот фестивал во Рим, ја надополни својата изјава со: “ Дојдов сам, живеев живот како Рамбо, па како Роки. А, потоа мојата споруга која ми подари една па уште една, и уште една трета жена во мојот живот”.
“Тогаш сватив дека во мојот дом имам три прекрасни девојки, сопруга, две кучиња од кое едното е исто така женско, со што живеам во секојдневие исполнето со пет жени. Тука сме само јас и моето куче, кое инаку е кастрирано”, додаде смеејќи се овој актер кој и повеќе од сигурно го остави својот белег во филмската историја.
Одржувајќи ја целосната конференција во неговиот препознатливо славен тон, тој со присутните го сподели и неговото стекнато искуство од големите чекори по тешките патеки на Холивуд, притоа споменувајќи го и неговото мото дека никогаш не треба да се откажуваш од она нешто што силно го посакуваш.
Погледнете ги следниве статии
Сталоне и Дениро повторно во рингот
Сите скршени поради смртта на Сејџ Сталоне
5те најдобри режисери на сите времиња
Пронајдете не на следниве мрежи: