Зошто не заобиколија трите германски инвеститори?

„За жал не сме во можност да ви одговориме на вашите прашања“-стои во одговорот на прашањата на„Политика.рс“ од страна на Германско-српското здужение на бизнисмени.„Три фирми од Германија, не сакаа да инвестираат во Србија и отидоа во Македонија“- изјавил Мартин Кнал директор на Германско- српското здружение на бизнисмени, претставувајќи  ги во вторникот резултатите од анкетирањето на стотици германски компании за условите за работа во Србија во 20015 година.
Оваа изјава синоќа до некаде ја релативизираше премиерот Вучиќ во Суботица, но сепак останува прашањето зошто тие германски компании своите пари ги вложиле кај соседите а не кај нас.
Германија е еден од најважните економски партнери на Србија. Овде работи со околу 370 компании со германски капитал кој вработуват по 25.000 луѓе. Со вложени 3 милијарди евра, оваа водечка економска и политичка членка на ЕУ е најголем инвеститор во Србија и нејзин наголем дарител уште од 2011 година.
Поради тоа се наметнати прашањата- Кои се тие три германски компании кои „ја прескокнале“ Србија и избрале Македонија како поповолна земја за вложување?
Во кои проекти ги вложиле своите пари и за колкав износ вложен капитал се работи?
Што е тоа толку што ги привлекло кај Македонија а Србија не може да им го понуди?
Одговорите биле побарани од Германско- српското здружение на бизнисмени. Истите набрзо биле пратени по електронска пошта но одговорот бил разочарувачки- „За жал не сме во можност да ви одговориме на прашањата“.
Во последната анкета која се спроведува десет години по ред, добиените резултати се нешто полоши од претходната година. Сепак од 10 анкетирани компании, третина од нив својата работа ја оцениле како добра, а само 4 процентри не се задоволни.
„Резултатот на анкетата е доста позитивен, иако процентот на оние кои повторно би инвестирале во Србија со 92 отсто во 2014,  се намалил на 88 отсто оваа година. “- ова е описот на неговата екселенција Хајнц Вилхелм, амбасадорот од Германија во Србија.
Најмногу замерки  германските фирми овде имаат на правната сигурност, јавната управа, предвиливоста на економската политика и борбата против корупција и криминал.

„Постојаната долгорочна економска политика во Србија би направила чудо во привлекувањето на странските инвестиции“- укажува Др Роналд Селигер, претседател на Германско- српското здружение на бизнисмени и директор на „Хемофарма.д“.
Овој опис на Селигер овдешната економска власт мора да го има на ум како и неговата оцена дека „реформите во Србија постојат, но дека е се премногу спори и дека не ги носат очекуваните резултати како во другите земји“.
Драгољуб Рајих од Мрежата за работна поддршка рекол коментирајќи ги резултатите од анкетата на Германско-српското здружение дека бројот на странски компании кои минатата година во Македонија започнале некаков бизнис се три пати поголеми отколку во Србија.
Тоа е официјалниот податок на ЕУ, тврди Рајих. Причината за тоа е реформираниот систем во таа земја, помалиот број на данови и помалата демократија. Државниот апарат и јавниот сектор во Србија вработува 45 отсто од вкупниот број на вработени, кажува Рајих, додека во Македонија помалку од 20 отсто од луѓето работат за државата. Во Македонија бројот на даноци е намален а бројот на парафискални  давачки е трипати помал отколку во Србија.
Македонија е дваесет места пред нас, по условите за вработување, а трошоците за работа се 20 отсто помали отколку кај нас. Таму има многу помалку прописи кои го регулираат вработувањето а правосудството е значително поефикасно.
По повод на забелешките на Др. Селигер дека од неодамна дозвола за градба може да се добие за 28 дена, но дека собирањето на неопходните услови за поднесување на барањата трае предолго, се огласила потпретседателката на владата и министерката за градба, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ. Таа за „Танјуг“ синоќа изјавила дека Србија донела закон за планирање и изградба кој е најважен за привлекувањето на инвеститори и оценила дека во наредниот период се очекува неговото пристапување.
Таа кажала дека не може да коментира за тоа што трите германски инвеститори одлучиле да вложуваат во Македонија наместо во Србија бидејќи станува збор за поединечна одлука.
„Србија има добра соработка со германските бизнисмени“, кажала полна со надеж дека инвеститорите тек ќе доаѓаат во Србија.
Според зборовите на Роналд Селигер, Германско-српското здружение на бизнисмени е подготвено да и помогне на владата во спроведување на реформите, бидејќи верува дека единствено во таквата врста на партнерски однос е можат да се донесат нови инвестициони вложувања.
За оваа година е предвидено и основање на нова инвестициска комора, прва билатерална комора во Србија во чиј состав ќе се најде делегацијата на германски бизнисмени во Србија и Германско српското здружение на бизнисмени со своите 300 членови.
Извор: politika.rs„Три фирми од Германија, не сакаа да инвестираат во Србија и отидоа во Македонија“- изјавил Мартин Кнал директор на Германско- српското

Пронајдете не на следниве мрежи: