Таксист МУ СЕ НАФРЛИ на деветгодишно дете бидејќи му го изгребало автомобилот!

Таксистот Б.Ц. од Лесковац, го претепал деветгодишниот ученик Н.Д. само затоа што детенцето случајно му го изгребало автомобилот.Ова го тврди таткото на детето, кој тврди дека таксистот го удирал сѐ додека не паднал на земја и удрил со главата во бетон.
Овој незапаметен настан се случи во ОУ „Вук Караџиќ“ во Печењевац, кај Лесковац.
Детето им кажало на родителите дека било претепано за време на големиот одмор.
„Во школото немаше вода за пиење, па детето по ужината влезе во дворот од куќата на таксистот за да наточи вода во шишето. Тогаш наводно му се лизнало шишето од раката и го изгребало автомобилот“, вели извор од истрагата.
Според информациите, детето се извинило и се вратило во школо, а потоа му пришол постар човек и му удрил три шлаканици.
Веднаш потоа, почнал да го влече по земјата сѐ додека не дошол еден наставник да ги раздвои.
Имено, таксистот тврди дека нема чешма во неговиот двор и дека детето лаже дека отишло да наполни вода во шишето.
„Не го удрив, туку само го опоменав да не го прави тоа. Во дворот немам чешма, така што тоа дете немаше намера да пие вода, туку сакаше да го клоца автомобилот. Не му е прв пат да го прави ова, тој е проблематичен“, рекол таксистот.
Најавена е детална истрага за случајот.Ова го тврди таткото на детето, кој тврди дека таксистот го удирал сѐ додека не паднал на земја и удрил со главата во бетон.
Овој незапамет

Пронајдете не на следниве мрежи: