четврток, 26 ноември 2026
Најново

Телото на починатата професорка Тројачанец предадено на обдукција

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Телото на професорката Снежана Тројачанец по наредба на Јавен обвинител е предадено на обдукција по што ќе бидат познати причините за смртта.Од МВР за Курир денес информираат дека смртта кај Снежана била констатирана од страна на лекарски екипи од Итна медицинска помош без видливи траги на насилство.
Како што вчера објавивме безживотното тело на Снежана Тројачанец било пронајдено околу 13 часот на местото каде реката Серава се влева во Вардар, по повеќе од 24 часа од нејзиното исчезнување.
Во изјава за Фокус, сопругот на почината професорка изјавил дека таа била пронајдена со помош на кучиња трагачи.
Исчезнувањето на Снежана го крена целиот град на нозе, огромен број граѓани се вклучија во потрагата и се обидуваа да ја пронајдат жената во секоја населба.
-Благодарен сум на цела земја, на сите што се вклучија во потрагата и кои ни понудија помош, вели сопругот Пламен.
Семејството за Фокус изјави дека се плашеле од најлошото бидејќи Снежана еден месец се лекувала од депресија.Од МВР за Курир денес информираат дека смртта кај Снежана била констатирана од страна на лекарски екипи од Итна медицинска помош без видливи траги

Поврзани вести