Судењето за предметот „Траекторија” на СЈО во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, е одложено за 18 декември.Одбраната на обвинетите на денешното рочиште во Кривичниот суд побараа визулено и тонско снимање на судењето.
– Денешното рочиште беше одложено затоа што Судот не ги обезбеди условите што се предвидени во Законот за кривична постапка. Тие услови предвидуваат секое судење да биде снимено видео, тонски или само тонски. Тоа е услов кој се внесе во Законот, изјави адвокатот на обвинетите Еленко Миланов.
Посочи дека ова го бараат затоа што сакаат се она што се случува и се она што ќе биде кажано да биде снимено и да не се грижат тоа на кој начин ќе биде внесено во записникот.
– Од тонскиот запис да можеме да провериме и да бидеме сигурни дека сето она што се случува е реално внесено и во материјалниот записник на Судот, рече Миланов.
По завршувањето на рочиштето, Груевски изјави дека денеска бил повикан на суд за нешто што претходно го правела, а и сега го прави Владата на СДСМ.
– Во минатото владата на СДСМ за изградбата на хидроцентралата „Козјак“ на ист начин и во иста постапка земала кредит од Кина и ја исфинансирала изградбата. Сега кога повторно дојде на власт СДСМ, на ист начин и во иста постапка направен е анекс на договорот што е усвоен во Парлементот и е преточен во закон, рече Груевски.
Ние, како што додаде, сме обвинети за нешто што го правеле и тие.
На новинарско прашање за договорот со кинеската компанија за изградбата на двата автопатишта, поранешниот премиер Груевски рече дека се било направено според закон.
– Парламентот имаше увид на се и сето тоа го прифати и за него гласаа и пратениците на СДСМ, додаде Груевски.
Судот го прифати барањето за снимање на рочиштата и го презакажа судењето за 18 декември, за кога ќе бидат обезбедени услови.
Според СЈО, обвинетите во „Траекторија“ во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги пречекориле своите овластувања. (МИА)Одбраната на обвинетите на денешното рочиште во Кривичниот суд побараа визулено и тонско снимање на судењето.
– Денешното рочиште беш