Кој е идниот наследник на Груевски? Димовски,Мицковски,Тодоровски се имињата со кои јавноста шпекулира, но за кого ќе се решат делегатите?
Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преживее и оваа поделба?Ова беше темата на разговор во ноќното студио на Телма со Филип Петровски член на ВМРО-ДПМНЕ и делегат на конгресот по шести пат досега.
На прашањето што му се случи на ВМРО-ДПМНЕ и како една таква партија успеа да стигне до вонреден конгрес за реизбор на нов лидер тој одговори:
-Конгресите досега биле места каде што имало големи потреси, дури и пресметки и физички ликвидации, ако гледаме низ историјата. Се надевам дека овој пат нема да биде така и се надевам дека овој конгрес кој за жал е вонреден ќе ги разреши дилемите кои што се пред ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ беше биено, толчено од другите политички противници,беше мавано од странскиот фактор и просто е чудо како успеа да го преживее сето тоа. Деновиве од сите страни имам се поголем притисок и постојат луѓе кои сметаат дека треба да бидам дел од кандидатите,тоа се збирови на луѓе со различни значења на партијата кои доаѓаат од различни правци, не сум одлучил сеуште и секако дека одлуката ќе ја донесам ако оценам дека е во корист на партијата,бидејќи ако проценам дека се комплицира ситуацијата и дека ќе настанат поголеми проблем, нема да го направам тоа.
Според мене процедурата треба да биде демократска и да има повеќе кандидати, бидејќи повеќе кандидати можат да изнесат повеќе програми од кои што понатака победникот на конгресот со една добра политичка и дипломатска вештина може да состави и добар тим и добра програма за во иднина. Не е најважно на конгрес да се изгласа само лидер,конгресот на ВМРО-ДПМНЕ донесува и конгресни материјали односно нова платформа и идеологија за наредниот 4 годишен период на партијата. Мене лично ми е важно да го видам и тоа,бидејќи народот сака да види како ќе се позицира ВМРО-ДПМНЕ за да се спротистави на ова што сега се случува.
ВМРО-ДПМНЕ е сериозна партија со многу различни интереси,бидејќи во неа има многу луѓе со различна позадина и различна идеолошка концепција за ВМРО. Постојат поконзервативни,порадикални и полиберални структури. Идниот лидер не смее да се определи за едната варијанта, тој мора да го опфати целиот спектар со инкорпорирање на тие интереси во едно како што беше направено во 2012 но тоа не го забележаа ниту аналитичарите ниту новинарите. Консолидацијата која што ја направи ВМРО е тоа што имаше таков резултат во 2013. Ако консолидацијата се примени на научна основа и ако се инкорпорираат различните фракции во целиот тој десен спектар ВМРО ДПМНЕ во секој момент ќе има повеќе поддржувачи од левиот спектар и брзо ќе се консолидира- изјави Петровски.
На самиот крај на разговорот, на прашањето дали Груевски ќе влијае на идниот лидер и дали ќе има сила за такво нешто Петровски даде потврден одговор.Ова беше темата на разговор во ноќното студио на Телма со Филип Петровски член на ВМРО-ДПМНЕ и делегат на конгресот по шести пат досега.