Рано утрово од страна на полицијата приведени се Митко Чавков, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска и Љубен Арнаудов, пејачот Игор Дурловски, актерот Владо Јовановски, како и уште неколку лица, за настаните од 27 април.Овие лица се приведени со кривична пријава за сторени тешки дела против државата, исти за какви што се сега веќе има пресуди за обвинети од Диво Насеље, а за кои е поништена пресудата за лицата обвинети од случајот „Монструм“, за петкратното убиство на Смилковското езеро.
Во јавноста веќе гласно се поставува прашањето, дали правото на протест на граѓаните, кој поради случувањата на тој ден, со неуставниот избор на претседател на Собрание, излегоа од контрола, може да бидат ставени на ист ранг со терористички напади.
Имено, во случајот „Монструм“ четири момчиња и еден рибар беа убиени на Смилковското езеро на Велики четврток, односно на само 3 дена пред Велигден. Во случајот „Диво Насеље“ пак терористичка група изврши напад во Куманово, при што беа убиени припадници на македонската полиција.
Инаку, тие се уапсени по отворена истрага за случајот од 27 април во Собранието, каде Митко Чавков од пониските структури во МВР беше насочен дека 2 часа не давал наредба за дејствува на полицијата, со што бил доведен во опасност животот на пратениците од СДСМ и на други пратеници и новинари.
Инаку, спореди информациите кои доаѓаат утрово, власта имала нехуман однос кон фунционерите на ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, кој пред неколку месеци доживеа срцев удар, сега полицијата не дозволи блиските да му достават лекови во Кривичниот суд.
Додека денеска функционери од опозициската партија и други граѓани се апсат поради протест, на лицата обвинети и до пред неколку дена осудени за петкратното убиство на Смилковско езеро им е укината пресудата
-Врховниот суд на Република Македонија донесе пресуда по предметот Вкж2 бр.3/2016, познат во јавноста како „Монструм“, со која жалбите на одбраната се уважени, а првостепената и второстепената пресуда се укинати и предметот е вратен на првостепениот суд на повторно одлучување.“
Кај Смилковско Езеро на 12-ти април 2012-та година беа убиени 4 момчиња и еден рибар. Во акцијата Монструм беа уапсени повеќе осомничени, додека двајцата првоосомничени избегаа. Во првостепена и второстепена постапка беа изречени и доживотни казни затвор.
Во јавноста веќе се коментира дека е скандалозно од страна на судството под притисок на СДСМ, лицата обвинети за протест каде граѓаните го изразуваа својот револт од тоа што се случуваше во државата, да бидат ставени на исто рамниште како терористи, кои сега впрочем се ослободуваат откако СДСМ и Зоран Заев дојдоа на власт.Овие лица се приведени со кривична пријава за сторени тешки дела против државата, исти за какви што се сега веќе има пресуди за обвинети од Диво На