Болните луѓе имаат состојба на еуфорија каде што мислат дека можат да направат се. Да беше така лесно решавање на проблемите со соседите, сигурно дека до сега ќе го решеа, ако не владите на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш владите на Бранко Црвенковски, коментира Филип Петровски за договорот меѓу Македонија и Бугарија и за односот на Зоран Заев во надворешната политика.-Не можете да кажете “Оставаме се на страна, историјата почнува од нас и ние сега ќе ги решиме сите проблеми“.Околните држави едвај чекаа вакви “фалинки“ кои им ветуваат јазик, промена на име, да им ветуваш се што ќе побараат, да бришеш историја. Зошто да ја бришеме историјата?, рече тој.
Петровски неколкупати досега јавно истакнува дека Бугарија од сите соседни држави треба да биде најголем пријател на Македонија, но само ако во тоа пријателство има взаемна почит.
-Јас сум за специјални односи, број еден партнерство со Бугарија, таа прва ја призна Македонија под уставно име, ни помагаа да се етаблираме. Ние не сме имале изразени проблеми со Бугарија пред потпишувањето на овој договор за пријателство, рече тој.
Петровски потенцира дека во договор за пријателство треба две држави и интелектуални елити да се однесуваат на исто ниво.
-Тоа значи да ги почитуваме ние нив и тие нас. Но на ваков начин, во ваква консталација, прифаќате да го менувате системот на државата внатре со двојазичност која нема никаква оправданост, со промена на име која најверојатно ќе биде од интерес само на една страна и со откажување од буквално на сите елементи кои ги содржи нашата држава како столбови… Мене ме наведува дека таа еуфорија преминува во болест, а последиците од болеста ќе ги трпиме сите во подолг временски период во иднина, истакна Петровски.
-Не можете да кажете “Оставаме се на страна, историјата почнува од нас и ние сега ќе ги решиме сите проблеми“.Околните држави едвај чек