Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред речиси еден месец предупредуваше дека крајната цел со носењето на Зоран Заев и СДСМ е власт е промена на името на Република Македонија. Груевски нагласува дека власт на СДСМ е марионетска, донесена од други од надвор, а историјата покажува дека секоја марионетска власт има краток век на живот.
-Заев е донесен да изработи промена на името и идентитетот, а сега сето ова се прави за да му се даде подлога дека има легитимитет меѓу луѓето, со поткуп и со присилни гласови, се со цел да му дадат легитимет и храброст да продолжи во ветеното понатаму. Целта на сето ова што ни се случува е промена на името на државата, јазикот, нацијата, промена на идентитетот. Тој всушност зборуваше за редифинирање на државата, тоа се шест точки. Првата точка е промена на името и идентитетот, втората точка е договорот со Бугарија, третата точка е носење на мигранти во Република Македонија и нивно доселување тука, четвртата точка е двојазичност на цела територија со неуставен закон, петтата точка е зголемување на даноците и шестата точка е редифинирање на бракот, тој да не е заедница на еден маж и една жена, туку да се легализираат хомосексуалните бракови и да им се даде можност да посвојуваат деца, изјави Груевски.Груевски нагласува дека власт на СДСМ е марионетска, донесена од други од надвор, а историјата покажува дека секоја марионетска власт има краток ве