Запрен е трендот на опаѓање на корисници на фиксна телефонија, која и натаму останува најмалку користена комуникациска услуга.Во анкетатата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за пазарот на електронски комуникации, спроведена од 19 до 29 мај годинава врз основа на 1.100 испитаници, се забележува стагнација на бројот на домаќинства кои поседуваат фиксна телефонска линија ( 51,5 проценти), што значи дека е запрен трендот на опаѓање почнат од 2014 година.
Мнозинството од корисниците на фиксна телефонија се постпејд (93,6 проценти), што е зголемување во однос на минатата година. Македонски Телеком и понатаму го зазема поголемиот дел од пазарот со 58,5 проценти, иако бележи тренд на благ пад за разлика од 2013 година досега. Поголемиот број од корисниците рекле дека никогаш (39,4 проценти) или во посебни случаи (35 проценти) не го користат фиксниот телефон за да телефонираат на мобилен.
Бројот на корисници кои телефонираат од фиксен на фиксен телефон е 55,8 проценти што е стабилизација од трендот на опаѓање започнат од 2013 година.
Најголем дел (91,2 проценти) од лицата кои не користат фиксна телефонија се изјасниле дека не се заинтересирани да станат корисници на оваа услуга во годината што претстои. Доколку се појави нов оператор на фиксна телефонија, за да ги привлече корисниците, првенствено би требало да понуди пониски цени (66,5 проценти) и подобар квалитет на услугата (42,6 процента), стои во резултатите од анкетата.
Во анкетата, најголем дел од испитаниците кои немаат фиксен телефон, 58,6 проценти, навеле дека имале ваква линија, но ја исклучиле откако започнале да користат мобилни телефони, 15,4 проценти одговориле дека немаат потреба, 10,9 проценти како причина ги посочиле високите цени за разговор и за претплата, а 8,2 процента го исклучиле фиксниот телефон затоа што им било наплаќано повеќе и им биле додавани услуги.
Во анкетата, 96,2 процента рекле дека никогаш не користат јавни телефони, два процента навеле дека користат неколкупати годишно, а 0,4 проценти неколку пати месечно.
Мнозинството од испитаниците (69,4 процента) се изјасниле дека во нивното домаќинство се користат услуги во пакет. Најпопуларен пакет услуги е „интернет и ТВ услуги” со 36,4 проценти, по кој се „фиксна телефонија, интернет и ТВ услугите” со 32,9 проценти и „фиксна телефонија, мобилна телефонија, интернет и ТВ услугите“ (15,9 процента). Главен двигател за корисниците да земат услуги во пакет останува поевтината цена на пакетот во однос на поединечните цени на услугите (72,7 процента).
За повеќе од една третина од испитаниците (43,8 проценти) што не користат услуги во пакет пречка за да ги користат услугите во пакет претставува желбата да не се обврзуваат со еден оператор со цел да имаат поголема слобода при изборот на услугите, додека 35,1 проценти се изјасниле дека им претставува пречка непотребната услуга која е вклучена во пакетот.Во анкетатата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за пазарот на електронски комуникации, спроведена од 19 до 29 мај годинава врз о