Вистинска семејна драма се случувала вчера во домот на 57 годишниот Л.П. кој ги нападнал сопругата и синот, а потоа со тешки повреди завршил во Ургентниот центар во Скопје. Деталите за семејното насилство денес ги соопштија од полицијата.Случајот во полиција вчера околу 10:20 часот го пријавила 50 годишната Ж.П.
Имено додека таа била во кујната од семејната куќа, нејзиниот сопруг Л.П. (57), кој бил во видно алкохолизирана состојба и со кој била во брако-разводна постапка, физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, при што и нанел расекотини, црвенило и модринки. Исто така и нивниот син Д.П. (22) обидувајќи се да ги раздели бил нападнат од неговиот татко кој го удирал со тупаници, го фатил за врат и почнал да го дави, нанесувајќи му видливи повреди. За кратко време Л.П. повторно ја нападнал Ж.П. и при тоа ја искршил целата покуќнина од кујната и останатиот дел од куќата, информираат од МВР.
Околу 12:30 часот од Ургентниот Центар во Скопје пријавено било дека Л.П. има убодна рана од остар предмет во пределот на грбот над бубрезите, односно констатирани му биле тешки телесни повреди (повреда на пршлен, прободена слезина и прободен бубрег).
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.Случајот во полиција вчера околу 10:20 часот го пријавила 50 годишната Ж.П.
Имено додека таа била во кујната од семејната куќа, нејзиниот с