Најмногу дожд во изминатите девет часа наврнало во Охрид каде се измерени 15 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи во извештајот од 17:30 часот.Во Прилеп наврнале 13, во Лазарополе девет, во Тополчани осум, во Маврово и Штип седум, во Гевгелија шест, а во Струмица и Скопје-Зајчев Рид четири литри на метар квадратен. Во Скопје-Петровец, Крива Паланка и Тетово наврнале три, а во Претор и Пожаране два литра на метар квадратен.
Како што информира УХМР, времето денеска е претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на места врнежите беа поројни и пообилни, локално проследени со грмежи и засилен ветер. Дуваше умерен до засилен јужен ветер, кој во Штип достигнуваше брзина над 60, а во Пелагонија над 70 километри на час.
До крајот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, локално и поројни проследени со грмежи. Ветерот ќе го промени правецот во северен, а истовремено ќе го засили интензитетот. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во текот на ноќта на планините врнежите ќе поминуваат во снег. Во Прилеп наврнале 13, во Лазарополе девет, во Тополчани осум, во Маврово и Штип седум, во Гевгелија шест, а во Струмица и Скопје-Зајчев