Цариниците на аеродромот „Никола Тесла“, во загубениот багаж на еден патник откриле традиционален кинески пијалак за афродизијак, во кој се наоѓале змија и скорпија, како и неколку растителни корени, соопшти Царинската управа на Србија.Егзотичниот пијалак кој служи како афродизијак, еден 40-годишен Белграѓанец го донел од Пекинг.
Откако дошол на аеродромот да го земе багажот, цариниците за време на рентген контролата, на мониторот забележале шише во чија внатрешност се наоѓале змија и скорпија.
Тие веднаш им се јавиле на инспекторите од Министерството за заштита на животната средина на Србија, кои се занимаваат со спроведување на CITES конвенцијата, која го регулира прометот на заштитените растителни и животински видови. Тие ја презеле спорната пратка.
За еден таков пијалак да влезе во Србија, мора да има кинеска декларација за извоз и дозвола која ја издава Групата CITES од надлежното министерство, бидејќи не станува збор за сувенир туку за еликсир во кој се наоѓаат заштитени видови.Егзотичниот пијалак кој служи како афродизијак, еден 40-годишен Белграѓанец го донел од Пекинг.
Откако дошол на аеродромот да го земе багаж