Малцински акционери во „Македонски Телеком“ се изненадени од однесувањето на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, на последното Собрание на акционери со кое тој претседавал, пишува Фокус.мк. Велат дека наспроти досегашната пракса, Рашковски не им дозволил да ги постават своите прашања и активно да се вклучат во дискусијата на собранието. Малционскиот акционер, Симо Груевски, тврди дека Рашковски му забранил да постави прашање до претставникот на мнозинскиот акционер, „Маѓар Телеком“. Наместо да одговорат повиканите, Рашковски, кој претседавал со седницата, сам одговорил за оценка на досегашните членови на Управниот одбор на „Телеком“, поставени од претходната власт.
-Акционер на „Телеком“ сум уште откако акциите беа пуштени во промет и не сум прескокнал ниту една седница до сега. Однесувањето ме изненади и разочара. Рашковски како да сака да воведе диктатура. Тој очигледно не разбира како функционира Собранието на акционери. Ние не сме таму само за декор – вели Груевски за Фокус.
Иако гласот на малцинските акционери не е одлучувачки, затоа што „Маѓар Телеком“ поседува 51 отсто од акциите, сепак до сега имале право да партиципираат во дискусиите на Собранието каде што редовно го користеле своето право на збор.
-Статутот ми дозволува да учествуваам во Собранието со прашања и коментари затоа што ние сме еден вид коректор, иако не одлучуваме. Не може Рашковски да ми кажува какво прашање смеам, а какво не смеам да поставувам. Никогаш сме немале вакви проблеми за време на претходната власт. Седниците се водеа на многу подемократски начин. Рашковски како да се поистоветува со Владата, откако е поставен за претставник. Зар „Владата-тоа е он“? – прашува Груевски.
На прашањето за претходните членови на управниот одбор, Рашковски на седницата одговорил дека се врши ревизија за нивната досегашна работа и го отфрлил како ирелевантно по што Груевски, вели, демонстративно ја напуштил седницата.
-На првата порака Рашковски ни одговори со прашалници кога го прашавме зошто им го одзел правото на збор на акционерите, а потоа ги негираше обвинувањата, пишува Фокус.
-Сите одлуки беа едногласно изгласани, така да неосновани се обвинувањата – вели тој.
Инаку, Владата го определи него за претставник на акционерскиот дел кој Република Македонија го има во оваа компанија. Одлуката предизвика реакции во јавноста бидејќи беше потпишана од владиниот генерален секретар, односно излегува дека самиот Рашковски се назначил себе за оваа позиција.
Владиниот генерален секретар веќе наиде на неодобрување кај јавноста. Беше обвинет затоа што мајката на неговата сопруга беше поставена за претседател на Комисијата за жалби, а излегоа и информации дека адвокатската канцеларија на неговиот кумашин во првите месеци од новата Владата склучила повеќе договори со државни институции.Малционскиот акционер, Симо Груевски, тврди дека Рашковски му забранил да постави прашање до претставникот на мнозинскиот акционер, „Маѓар Те