Европската унија е загрижена поради големиот пораст на бројот на граѓани од државите на западен Балкан кои бараат азил во државите на ЕУ. Ако ретко кој од нив успева да добие азил, самото поднесување на барањето е голем товар за администрацијата на тие држави, пренесе Jutarnji.hr.Токму поради големиот пораст на тој број, ЕУ не ја исклучува ниту крајната мерка за повторно воведување на визи за граѓаните на Македонија, Србија, БиХ, Албанија и Црна Гора. Во тие држави уште во 2009 година е укинат визниот режим, а во тој режим остана само Косово.
Според извештаите на Европската комисија, објавени во Брисел, бројот на граѓани на овие држави кои барале Азил во ЕУ за време на 2014 година се зголемил дури за 40% во однос на годината претходно. Тоа се вкупно повеќе од 50.000 луѓе, а сето тоа ЕУ го гледа како „злоупотреба на визната либерализација” и бара остри мерки на тие земји, за да се спречи ваквата пракса.
„Бенефициите од визната либерализација се навистина видливи кога се работи за засилувањена контактите измеѓу луѓето и бизнис можностите. Но, злоупотребата на безвизниот режим на оние кои бараат азил во ЕУ мора да се реши”, изјави во Брисел Димитрис Аврамопулос, комесар за внатрешни работи и миграции.
Тој наведе дека веќе на почетокот на март ќе ги посети Косово и Србија, државите од кои доаѓаат најголем број азиланти во ЕУ од подрачјето на Балканот.
Во овој извештај не е вклучен и феноменот на масовно илегално преминување на граѓаните од Косово на територијата на ЕУ, кои влегуваат преку српско-унгарската граница, затоа што се работи за граѓани на држава која нема визна либерализација. Но, тоа ја загрижува ЕУ, а Германија и Австрија веќе почнале да ги враќаат таквите емигранти.
Во исто време, стапката на прифаќање барања за одобрување на азил, значително опаднала. Најголемата група на оние кои бараат азил во ЕУ доаѓа од Србија, повеќе од 40% од вкупниот број на граѓани од државите на западен Балкан. Потоа следат Македонија, Албанија, БиХ, а најмал е бројот од Црна Гора.
Европската унија им предложува на државите, да ги засилат регионите со информативна кампања за да им објаснат на граѓаните дека во ЕУ речиси немаат шанси за да добијат азил.
Европската унија ги поедностави процедурите за воведување на визи и ако некои држави членки како Германија, Австрија, Холандија, Белгија и Франција, најавија дека би можеле да предложат одлука за враќање на визниот режим, па и Хрватска како членка на ЕУ, би морала да ја следи таа одлука и да воведе визи за граѓаните на Македонија, Србија и БиХ.Токму поради големиот пораст на тој број, ЕУ не ја исклучува ниту крајната мерка за повторно воведување на визи за граѓаните на Македонија, Србија,