Зоран Новаковиќ (40) осуден е на 6 години затвор поради мачење и продажба на малолетната Д. П.Дури по изрекувањето на пресудата,откриени се стравични случувања низ кои поминало девојчето.
Новаковиќ ја запознал Д. П.како девојка на својот син. Го искористил тоа што била штитеничка на Центарот за социјална работа и во тешка материјална состојба. И го земал телефонот и личната карта, која ја имала како малолетничка. И се заканувал дека ќе ја тепа и убие доколку не го слуша и не се проституира за него. Девојчето плачело, молело да ја пушти да се врати во Домот, но тој бил бескомпромисен. Теророт траел со денови.
Новаковиќ и давал презервативи на девојката, ја оставал на најблиската бензиска пумпа и ја надгледувал од автомобилот.
„Во текот на вечерта дошол до девојката, која повторувала дека не може повеќе да работи, дека е исцрпена и уморна. Тој од чантата и земал 10.000 динари кои ги заработила од пет клиенти. Ја вратил во куќата која ја изнајмил и каде ја држел затворена.
Новаковиќ бил бесен поради слабата заработка на девојчето, затоа одлучил да ја продаде. Ја одвел во Нови Сад кај роднината Кристина Д. Таа не можела да го ожени синот и сакала да го купи девојчето од Новаковиќ. Се договориле девојчето да остане, а Новаковиќ за неа да добие 100 евра. Но, бидејќи немала пари, се договориле да го продаде девојчето за печено прасе. Новаковиќ и рекол на роднината да не и ги враќа документите и да не ја пушта никаде“,откриваат во обвинителството.
Сепак, целиот случај стигнал до полицијата кога Кристина Д. дознала што се правел Новаковиќ со девојчето.
„Пријавиле се во полиција. Новаковиќ е уапсен, а судот сега донесе пресуда“, додаваат од обвинителството.Дури по изрекувањето на пресудата,откриени се стравични случувања низ кои поминало девојчето.
Новаковиќ ја запознал Д. П.како девојка на св