На интернет страницата на грчкото Министерство за надворешни работи уште стои транскриптот од интервјуто на Коѕиjас за утринската програма на грчката национална телевизија во која што тој вели дека очекува до почетокот на февруари во македонските учебници да нема веќе иредентизам.„На пример се договоривме во Њујорк со многу интересниот министер за надворешни работи на нашиот сосед Никола Димитров да имаме заедничка комисија почнувајќи од 4 ноември. Таа ќе работи 4 месеци – се надевам дека ќе функционира и ќе ја заврши својата задача – чешлање на училишните книги за да го искорени иредентизмот и мапите што постојат во учебниците. Тоа е важен чекор што веќе презедовме. Ние преговараме и за многу други чекори”, вели во изјавата за ЕРТ шефот на грчката дипломатија.
Комисијата треба да биде дел од мерките за градење доверба меѓу двете земји.
Официјално од македонска страна нема никаква потврда дека на 4 ноември треба да почне со работа некаква мешовита грчко– македонска комисија за историјата, односно за менување на учебниците согласно барањата на јужниот сосед. Познавачите коментираат дека проценките на македонската влада се дека доколку сега тоа се соопшти може да нанесе штета на владејачката СДСМ во пресрет на лопкалните избори, па откако тие ќе се одржат Заев ќе го потврди она што сега Коѕијас го зборува за промена на македонските учебници
На страницата на грчкото МНР нема најава дека комисијата ќе разговара и за грчкиот иредентизам.
Павле Воскопулос Филипов од Виножито, партијата на Македонците во Грција потсетува на еден проект од пред неколку години кога и странски историчари дојдоа до некаков резултат.
„Дај Боже по училиштата во Македонија, Грција, Албанија, Бугарија, Романија, Србија… децата да учат од исти книги по историја. Такви четири книги се веќе направени. Ама овие учебници во Грција се пикнати по некои подруми по училиштата. Во сите преводи на овие учебници на јазициите на балканските држави, и во англискиот превод, пишува за македонска нација и за македонски јазик. Но, тоа го нема во грчкиот превод каде пишува „славомакедонска нација и славомакедонски јазик“. Затоа, Грција прво треба да дозволи овие книги да се делат по нивните училишта, се разбира со поправка на „печатната грешка“ за терминот македонски. Сигурен сум дека за ова знаат и првите луѓе и на грчкото и на македонското МНР“, вели Павлопулос.„На пример се договоривме во Њујорк со многу интересниот министер за надворешни работи на нашиот сосед Никола Димитров да имаме заедничка ком