Европскиот комесар за соседска политика и преговори за придружување, Јоханес Хан, денеска ги отфрли тврдењата на приштинските политички лидери дека причината за бранот на илегална миграција од Косово е рестриктивниот визен режим.- Воопшто не го делам мислењето дека луѓето заминуваат од Косово поради визите – изјави Хан на прес-кофреренција во Брисел по повод неговите посети во Скопје, Приштина и во Киев.
Тој додаде дека луѓето заминуваат од Косово поради тешката економска ситуација и недостигот од перспектива.
Хан посочи дека решението за таквата ситуација треба да се бара во подобрување на економските можности преку создавање поволна клима за странските инвеститори и сузбивање на корупцијата, потсетувајќи дека ЕУ одделила 660 милиони евра за економскиот развој на Косово во следните пет години.
– Задоволен сум со мерките кои ги презема косовската влада и се чини дека тие веќе почнаа да даваат резултати – истакна Хан.
Косовскиот премиер Иса Мустафа и неговиот заменик Хашим Тачи претходно изјавија дека причината за масовните преселби е поради тоа што граѓаните на Косово се единствени во регионот кои не можат да патуваат во шенген-зоната без визи.- Воопшто не го делам мислењето дека луѓето заминуваат од Косово поради визите – изјави Хан на прес-кофреренција во Брисел по повод неговите