Здружението за тенкисти од Задар очекува деновие да заврши постапката за регистрација на нивната фирма за услужни дејности, која ќе им овозможи да организираат прошетки на туристи со тенкови, објави весникот „Задарски лист“.Како најпогодни локации за изградба на „туристичко-воениот камп“ заедно со придружните содржини, се одбрани неколку објекти во областите околу Слуњ, Карловац и Книн, но членовите на Здружението сепак преферират нивната „база“ да биде во Равни Котари, првенствно поради близината на морето до ова подрачје.
Според Бранко Мориќ, како основачи на фирмата, која ќе дејствува на територијата на цела Хрватска, ќе се јават неколкумина поранешни тенкисти од Задар и Сињ, а нејзиното седиштето ќе биде во Загреб.
– Целта на овој проект е да се направи една профитабилна компанија, која ќе ги вработува бранителите и ќе носи приход. Сметаме дека возењето туристи со тенкови би можело да стане нов вид воен туризам, што на државата би ѝ донело корист, а на бранителите работа – изјави Мориќ за „Задарски лист“.Како најпогодни локации за изградба на „туристичко-воениот камп“ заедно со придружните содржини, се одбрани неколку објекти во областит