Вчера во 20 часот и 30 минути во Полициско одделение Велешта било пријавено дека бил извршен полов напад врз 55- годишната К.С.К од Кралство Холандија.Истиот ден околу 14 часот и 30 минути во атар на село Вевчани, додека оштетената сликала стадо овци, овчарот и се доближил и побарал тој да ја слика заедно со стадото.
Откако ја сликал, К.С.К. се поздравила со овчарот и тргнала кон своето возило. Во тој момент лицето со употреба на физичка сила ја турнало на земја, легнало врз неа и почнало да ја допира по интимните делови од телото.
Сторителот и се заканил со нож да не дава отпор и продолжил во намерата. Во еден момент оштетената успеала да се оттргне од него и се упатила кон возилото. Сторителот тргнал по неа, ја отворил вратата од совозачката страна и од нејзината чанта извадил паричник од кој одзел околу 2.000 денари, по што заминал во непознат правец.
По преземени мерки добиени се сознанија дека се работи за 29- годишниот А.А. од село Подгорци, струшко.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.Истиот ден околу 14 часот и 30 минути во атар на село Вевчани, додека оштетената сликала стадо овци, овчарот и се доближил и побарал тој да ј