Во тетовското село Жилче, во Основното училиште „Шемшово“, годинава првпат има само едно прваче – Јане Тодоровски. Сè уште има пет години. Шест ќе полни во ноември. Стокмен убаво, со нови патики, фармерки и сино кошулче со подвиткани ракави, тој вчера беше на првиот училиштен час.– Многу сакам да одам во училиште. Да научам да читам и да пишувам!, вели Јане.
Омилени бои му се сина и жолта, сака да јаде месо, да пие сокче и млеко. Многу се израдува на тетратката и моливите што за првиот училиштен ден му ги подари наставничката Марија Јовановска.
– Иако е единствено прваче, тој никогаш нема да се чувствува осамено, отфрлено. Бидејќи тука имаме комбинирана настава, во истата училница ќе учат и седум деца од четврто одделение. Ова е мало место, сите се знаеме, ги познава сите деца и тоа е голема предност. Недостаток е што нема да има со кого да се натпреварува. Според програмата „Кембриџ“, наставниот материјал се изучува низ игра, а за секоја се потребни барем двајца. На Јане јас ќе му бидам и наставник и соученик. Но ќе му помагаат и учениците од четврто одделение, вели Јовановска.
Во Жилче првпат има само едно прваче. Лани имале девет, а вгодина ќе има две. Бројот на децата секоја година се намалува. Наставничката објаснува дека затоа и учениците учат во комбинирана настава.– Многу сакам да одам во училиште. Да научам да читам и да пишувам!, вели Јане.
Омилени бои му се сина и жолта, сака да јаде месо, да