Машко лице на возраст од околу 50 години, чиј идентитет засега не е познат претпладнево паднало од браната Младост, дознава Курир.Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски за Курир го потврдува настанот и вели дека лицето од браната паднало во провалија, сувата страна од истата, не во езерото. Додевски вели дека екипите се на терен и се врши увид.
Засега нема официјални информации дали лицето е живо или починато. Ангажиран е и хеликоптер со цел негово извлекување.
Очевидци за Курир велат дека можеле да се слушнат повици за помош. Мажот е паднат на висина од околу 30 метри.
Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски за Курир го потврдува настанот и вели дека лицето од браната паднало во провалија, сувата страна од