Советниците на СДС во Советот на општина Неготино и нивната коалиција ја напуштија седницата на 11-ти август и не прифатија дискусија за неприфаќање на нацрт стратегијата и акциониот план за прифаќање на бегалци 2017-2027 година. Со усвојување на оваа стратегија за мигранти бегалци и странци и акциониот план се доведува во опасност целокупната демографска економска и безбедносна ситуација во нашата земја, истакна на денешната прес-конференција во Неготино Петар Манчев советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Неготино.-Република Македонија со ништо не придонела овие лица да ги напуштат своите домови и со тоа да станат бегалци или миганти и со тоа да чувствува одговорност да им обезбедува институционално вдомување во нашата држава. Нашата држава има обврска да биде тензитна земја, како што беше во 2015 година и да им обезбеди на обие лица безбеден тензит низ нашата територија кон нивниот пат во земјите од ЕУ. Со оваа програма и акционен план се предвидува да се обезбедат парцели на дежавно земјиште за изградба на станови за бегалци и општина Неготино е опфатена со ова. Исто така се предвидува да се обезбедат средства од буџетот на Република Македонија за сместување или изнајмување на стан до 2 години на признаен бегалец. Треба да се донесат законски решенија за воспоставување на механизми за вклучување во националните програми за вработување, вели Манчев.
Тој додава дека со овој акционен план се предвидува и инклузија на овие бегалци во образовниот систем на нашата држава. Сето ова ќе падне на терет на граѓаните на Република Македонија.
-Со ова би се нарушила економската состојба во Република Македонија. Исто така во оваа програма владата на СДС предвидува сите миграти кои немаат лични документи да се прифатат како такви и истите да можат да ги повлекуваат нивните семејства од кризните региони. Со ова би се нарушила безбедносната состојба во Република Македонија, смета Манчев.
Советникот истакнува дека владата на СДС во овие 70-тина дена откако е на власт, ги испорачува фактурите и планира разнебитување на Република Македонија.
-Потпишувајќи штетен догвор за добрососедство, носење на план и стратегија за бегалци, носење неуставен закон за јазици, расипничко и безмилосно задолжување на граѓаните каде за овие 70-тина дена се задолжија со 100 милиони евра ги потрошија плус 126 милиони евра од државните резерви на Република Македонија.СДС со својата неспособност ја покрива со безмилосно трошење на народни пари за вработување на партиски војници и шарени револуционери. Неготино и граѓаните не се согласуваат со оваа стратегија и ваквиот одговор на СДС ќе им биде даден на 15-ти октомври на локалните избори. СДС ќе види што мислат Неготинчани за нивните расипнички политики, посочи советникот од ВМРО-ДПМНЕ.-Република Македонија со ништо не придонела овие лица да ги напуштат своите домови и со тоа да станат бегалци или миганти и со тоа да чувствува одг