Претседателот на Европска комисија Жан-Клод Јункер во интервју за весникот „Политико” изјави дека е против брз прием на земјите од Западен Балкан во Европска унија.- Не сум приврзаник на брзо присоединување на Западен Балкан кон ЕУ.
Но, ако им се одземе европската перспектива повторно ќе го преживееме тоа што го преживеавме во 90-тите години. Во тој контекст стабилноста на системот на ЕУ е задолжителен услов за Балканот повторно да не западне во состојба на војна, посочи Јункер.
Тој во интервјуто истакна дека е и против прекин на преговорите за членство на Турција во ЕУ и изрази надеж дека Анкара ќе соработува со Брисел. – Не поддржувам прекин на преговорите со Турција, како што бара Европскиот парламент. Турција буквално секоја секунда се оддалечува од исполнувањето на обврските за членство во ЕУ. Не, ЕУ не се присоединува кон Турција, туку Турција кон ЕУ, наведе Јункер.
Европарламентот на почетокот на јули усвои резолуција за замрзнување на преговорите за членство на Турција во Унијата, поради непочитување на човековите права и кршење на демократските начела. Земји кандидатки за членство во ЕУ се Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора, а минатата година, молба за присоединување поднесе и Босна и Херцеговина.
– Не сум приврзаник на брзо присоединување на Западен Балкан кон ЕУ.
Но, ако им се одземе европската перспектива повторно ќе го преживееме