Министерството за некултура и варварство на Роберт Алаѓозовски повторно продолжува со хаотичното и нестручно работење, велат од ВМРО-ДПМНЕ.-Алаѓозовски продолжува со чистките и прогоните кои по исто сценарио се одвиваат во сите институции кои СДС сака да ги запоседне и во нив да вработува свои луѓе по принципот „од чистачка до министер“. Раководители на институции се сменети противзаконски, без инспекциски надзор и без докази во образложенијата кои им се дадени за разрешувањето. Тоа значи дека овие незаконски сменети луѓе, без инспекции и без пронајдени неправилности, односно без основ за разрешување, го имаат сето право да ја тужат државата и потоа сосема сигурно да добијат оштета од десетици илјади евра за секој човек која ќе ја плаќаат граѓаните на Република Македонија. А вака разрешени има десетици и десетици раководни лица на институции. Тоа значи дека Алаѓозовски со својата ароганција и нестручност ќе нанесе штета од стотици илјади евра кои Македонија ќе ги исплаќа како оштети кон незаконски сменетите раководители, истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
Тоа, додаде Арсовски, многу добро го знае и Роберт Алаѓозовски, но не се вознемирува воопшто бидејќи нема тој да ја плаќа сметката, туку граѓаните на оваа држава.
-Граѓаните од свој џеб ќе ги плаќаат оштетите за сите овие незаконски смени на раководители, само затоа што Министерството за варваризам и некултура се раководи неодговорно и со малодушност и фрустрации кои резултираат со сеење омраза, поделби на народот и финансиски штети. Дополнително, сите овие противзаконски смени се прават без потпис од службите, туку само со потпис на сталинистот Алаѓозовски. Ова е уште еден доказ за противзаконитоста на овие партиски чистки и политички прогон. Стручните служби не сакаат да ги потпишат решенијата кои ги произведува Алаѓозовски затоа што го кршат законот. Алаѓозовски нема таков проблем, бидејќи нема чест која може да ја изгуби. Самиот министер Алаѓозовски начинот на кој владее искрено го опишува како „слепо лудило“. Во случајов слепото лудило на Алаѓозовски ќе ги чини граѓаните стотици илјади евра.
Според ВМРО-ДПМНЕ, едно е сигурно: набрзо СДС ќе се соочи со политичката одговорност за нивното неработење и неспособност.-Алаѓозовски продолжува со чистките и прогоните кои по исто сценарио се одвиваат во сите институции кои СДС сака да ги запоседне и во нив да вработ