Уште едно скандалозно однесување на Талат Џафери во Собранието на Република Македонија. Спротивно на Деловникот за работа на Собранието, Џафери селективно и сам одлучува на кој пратеник ќе даде збор и можност за процедурална забелешка.Имено, на денешната седница на Собранието на Република Македонија, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска, како заменик координатор на пратеничка група, согласно Деловникот, побара процедурална забелешка во врска со случувањата доцна вчера во Собранието каде Извештајот на Комисијата за финансирање и буџет со која таа претседава, не беше потпишан од нејзина страна како единствен овластен потпишувач бидејќи истиот не и бил доставен како што предвидува Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија.
Спротивно на Деловникот за работа, член 128 став 6, Извештајот на Комисијата за финансирање и буџет бил потпишан од страна на други пратеници кои немаат овластување тоа да го направат.
Токму од овие причини, Кузмановска побара збор сакајќи да ја образложи забелешката и кршењето на Деловникот, но Талат Џафери од нејасни причини одби и го ускрати деловничкото право да се обрати пред пратениците и јавноста. На ова однесување од страна на Талат Џафери, реагираа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ укажувајќи му дека врши еклатантно кршење на Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија
Имено, на денешната седница на Собранието на Република Македонија, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска, како заменик координ