НЕ ГО ПОДНЕЛ РАСКИНУВАЊЕТО: Ја полеал поранешната со разредувач и ја запалил!

Една жена се здобила со тешки изгореници, откако била нападната од страна на поранешниот партнер во населбата Батајница, во Белград.Како што пренесува РТС, Поранешниот партнер ја полеал со разредувач, а потоа ја запалил. Лекарите на Ургентниот центар се борат за животот на У. С. (40).  
Полицијата трага по напаѓачот. 
Нападот се случил околу полноќ во станот на зградата на улица „Свети Серафим“ со број 3. Жртвата не ги знаела намерите на напаѓачот, бидејќи го пуштила да влезе во зградата.
Жената  преживеала бидејќи соседот поради вревата станал да види што се случува. Тој ја затекнал жената во пламен, ја изгасил и веднаш повикал Итна помош. Таа веднаш била пренесена во Ургентниот центар. Како што пренесува РТС, Поранешниот партнер ја полеал со разредувач, а потоа ја запалил. Лекарите на Ургентниот центар се борат за животот на У. С.

Пронајдете не на следниве мрежи: