СДС со новиот ребаланс во буџетот и кратење од парите наменети за основното и средното образование ќе изврши класичен масакр во образованието и ќе уназади генерации млади деца. СДС со ребалансот на буџетот крати 453.800.000 денари, пари наменети за основно и средно образование, велат од ВМРО-ДПМНЕ.-Со ова во основното и средното образование се блокираат инфраструктурни проекти, се кратат пари за реновирање и изградба на основни и средни училишта, се укинуваат пари за изградба на спортски сали во основни и средни училишта, се укинуваат и пари наменети за интегрирани училници за основното и средното образование со кои би се подобрил квалитетот на образованието на учениците. СДС се тие што велеа дека образованието им е приоритет, а сега единствено гледаме како блокираат и укинуваат пари наменети за образованието. СДС се тие што велеа дека најмногу ќе вложат во образованието, а денес гледаме како кратат 453.800.000 денари само од основното и средното образование. Основното и средното образование се столбот на секој образовен систем и темелот на здрави и образувани кадри. СДС очигледно воопшто не води грижа како ќе се развиваат идните генерации на ученици, истакна Бојан Стојаноски на денешната прес-конференција.
Дополнително, додаде тој, СДС уште еднаш ни потврди дека воопшто нема намера да вложува и да го развива образованието.
-Со самото тоа што кратат дури 453.800.000 денари од образованието, тие потврдуваат дека за нив инвестирањето во образованието е расфрлање. Срамно и жално. Инвестирањето во образованието е непотребен трошок, а набавката на октоподи, морска храна и цвеќиња очигледно е потребен трошок за функционерите на СДС. Ова е начинот на владеење на СДС. Ова е образовната политика која ја нуди СДС на државата. Со овие антиреформи на СДС, ние се враќаме 20 години наназад.-Со ова во основното и средното образование се блокираат инфраструктурни проекти, се кратат пари за реновирање и изградба на основни и средни учили