Согласно член 67 од Деловникот, став 2, голем број на пратеници, припадници на Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе поднесат барање за свикување на итна седница на Собранието за разгледување на отворена, а не на тајна седница, на договорот помеѓу Македонија и Бугарија, истакна пратеникот Антонио Милошоски.Пред неколку дена имавме затворена седница на инсистирање на премиерот Заев, кој што кажа дека овој македонско-бугарски договор за добрососедство, се уште е нацрт-текст во кој може да се интервенира за подобрување на текстот. Пратениците на Коалицијата „За подобра Македонија“ увидоа 5 суштински слабости кои овој договор го прават штетен за интересите на Македонија и дадовме 5 препораки, за да денес добиеме официјална изјава од министерката за надворешни работи на соседна Република Бугарија, Захариева, која што наспроти тврдењата на Заев дека текстот на договорот е отворен и може да има подобрувања, таа тврди дека текстот на македонско-бугарскиот договор е затворен и дека немаат намера да преговараат, дека не го признаваат македонскиот јазик и дека нема нешто такво во договорот како македонски народ, рече Милошоски.
Тој укажа дека Собранието и Владата пред јавноста се одговорни да отворат јавна дискусија за договорот, за да може јавноста да знае што ќе биде потпишано и колкава е користа од овој текст и договор за соседна Бугарија и колкава може да биде штетата за Македонија.
-За бугарскиот премиер ќе биде победа што ќе потпише договор во кој го нема терминот македонски народ, за македонскиот премиер и Македонија како држава ќе биде пораз доколку биде потпишан текст каде што не се признава македонскиот народ како конститутивен народ во Република Македонија. Очекуваме Собранието да одржи итна и отворена седница за договорот помеѓу Македонија и Бугарија, а Зоран Заев да го отвори пред јавноста за да се дебатира и народот да знае колкава корист ќе има Бугарија, а колкава штета Македонија, додаде Милошоски.Пред неколку дена имавме затворена седница на инсистирање на премиерот Заев, кој што кажа дека овој македонско-бугарски договор за добрососедство,