СЈО е алатка за политички притисок врз ВМРО-ДПМНЕ управувана од СДС. СЈО од своето основање до денес сите случаи кои ги отвори беа со цел пресметка со ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство и креирање негативна слика за партијата во очите на јавноста. СЈО имаше за цел амнестирање од одговорност на Зоран Заев и Зоран Верушевски за сторените криминали, изјави денес Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение следува интегрален текст од неговата изјава.СЈО со повлекувањето на обвинението за случајот „Пуч“ каде главни обвинети беа Заев и Верушевски на дело ја покажа својата пристрасност и непрофесионалност, потврдувајќи дека се работи за политички инквизиторен орган кој нема за цел докажување на вистината и откривање на криминалот, туку монтирање и конструирање политички хајки против ВМРО-ДПМНЕ.
СЈО се стави себе си над законот и над Уставот на Република Македонија со повлекувањето на предметот „Пуч“ и откажувањето од кривичен прогон. Предмет во кој имаше признание за вина од страна на Ѕвонко Костовски кој го призна кривичното дело и објасни како незаконски следеле комуникации со опремата на ДБК и потоа како групата на Верушевски истите ги изнесувала.
СЈО го бараше предметот „Пуч“ од ОЈО, единствено за да ги ослободи од гонење Заев и Верушевски, кои се инспиратори на сите случаи кои СЈО ги покрена, а се крајно неосновани, неаргументирани и без ниту еден доказ. Прва одлука на СЈО беше ослободување на Верушевски од притвор за сега да бараат на невини луѓе без никаква основа да им се изрекуваат притвори. Соња Верушевска тогаш му се заблагодари на Заев што СЈО го ослободило од притвор нејзиниот сопруг, што јасно укажува дека одлуките таму ги носи токму аболицираниот лидер на СДС.
Граѓаните го гледаат начинот на работа на СЈО и на сите им е јасно дека тие не работат ни според Устав, ни според закон, туку под политички диктат. СЈО, но и сите други субјекти во државата треба да знаат дека Република Македонија е демократска држава, со јасно дефинирани принципи на владеење на правото и секој еден кој ги прекрши законите ќе одговара, пред органите на оваа држава во многу брз временски период.СЈО со повлекувањето на обвинението за случајот „Пуч“ каде главни обвинети беа Заев и Верушевски на дело ја покажа својата пристрасност