Професорот по историја Никола Жежов во денешното гостување во Телевизија Алфа вели дека нацрт верзијата на договорот за добрососедство, таква како што се претставува во медиумите во Македонија и Бугарија е неприфатлива за Македонија и македонскиот народ.– Тоа според мене е делот што се однесува за заедничка историја меѓу Република Бугарија и Република Македонија. Тоа во целост е неприфатливо за РМ, бидејќи онака како што го дознаваме од медиумите во таква форма, задира во македонските државни и национални интереси, задира во идентитетот, задира во суштината на македонскиот јазик и македонската историја, истакна Жежов.
Потенцира дека за нас е неприфатливо бидејќи ќе биде штетно, а последиците, вели Жежов, ќе бидат долготрајни и тешко ќе може да се санираат некогаш. Затоа, истакна тој, треба многу да се внимава што се потпишува.
– Одговорноста за евентуалното потпишување секако ќе си ја сносат страните, лицата кои ќе го направат тоа. Јас како историчар можам да предупредам какви последици има во делот каде што сум стручен. Претпоставувам дека според дел за двете страни е токму овој дел за т.н. заедничка историја. А тоа што помина во јавноста, се прифати од македонска страна, повторувам дека ќе биде со трајни, штетни последици за Република Македонија. Затоа апелирам да се внимава што се потпишува, посочи Жежов.
Тој додаде дека во Бугарија се гледа извесна доза на триумфализам и повторување работи кои се негативни за нас како македонски народ и воопшто за Република Македонија.– Тоа според мене е делот што се однесува за заедничка историја меѓу Република Бугарија и Република Македонија. Тоа во целост е неприфатливо