Во акција, во која биле вклучени и Интерпол и Еропол, албанската полиција синоќа во близина на Елбасан пронајде досега најголема откриена лабораторија за преработка на кокаин на Балканот.Според медиумите, во акцијата се уапсени шестмина албански и двајца колумбиски државани, меѓу кои и Ермал Хоџа, внук на албанскиот комунистички лидер Енвер Хоџа и сопруг на познатата албанска пејачка Резарта Шкурта.
Двајца Албанци и двајцата Колумбијци биле уапсени во лабораторијата, додека останатите четворица во неколку градови во Албанија. Полицијата најави и други апсења.
Во акцијата биле запленети над 100 килограми мешан кокаин, неколку килограми чист кокаин, три до четири тони супстанаца за мешање со дрогата, над 500 илјади евра, оружје, десет луксузни автомобили, 120 мобилни телефони, како и посебни апарати за обработка на дрогата, пренесе МИА.
Групата била следена шест месеци. Дрогата ја носеле од земјите на Латинска Амрика, ја преработувале во лабораторијата кај Елбасан, а потоа нејзина крајна дестинација биле западно европските земји.
Подетални информации за акцијата ќе бидат објавени во текот на денот.Според медиумите, во акцијата се уапсени шестмина албански и двајца колумбиски државани, меѓу кои и Ермал Хоџа, внук на албанскиот комунистички лид