Косово не се плаши од Србија

Косово нема зошто да се плаши од Србија, бидејќи таа е „малечка држава со слаба економија“, изјави косовската министерка без ресор Едита Тахири, која е задолжена за дијалогот на Приштина со Белград.Тахири во изјава за приштинскииот весник „Косово сот“, нагласи дека Приштина е убедена оти ќе ги оствари целите што си ги има поставено во дијалогот со Белград, кој според неа, има проблеми со својата надворешната политика.
Порблемот на Србија е во нејзината надворешна политика. Таа сега е во недоумица и дилема меѓу Москва и Брисел, вели Тахири.
Како приоритет на Приштина во односите со Белград, Тахири го посочи спроведувањето на договорот од Брисел во областа на правосудството и во формирањето на Заедницата на српските општини.
Според Тахири, во договорот од Брисел јасно е посочено дека Заедницата на српските општини ќе биде формирана согласно косовските закони и дека нема да има извршна власт. Некои луѓе можеби имаат некакви илузии, но ви гарантирам дека Заедницата нема да има извршни надлежности, истакна Тахири.Тахири во изјава за приштинскииот весник „Косово сот“, нагласи дека Приштина е убедена оти ќе ги оствари целите што си ги има пост

Пронајдете не на следниве мрежи: