Владата нема способност да ги решава проблемите

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Владата нема способност да ги решава проблемите, а според нив, последен пример за тоа се случаите со „Еврокомпозит“ и МЖ Транспорт.Во соопштението се наведува дека Владата се пофалила оти го решила проблемот, но наместо тоа, како што се посочува, само ги префрлила проблемите на друг.
– Имено тие препорачаа на претпријатијата МЕПСО и ЕЛЕМ да направат состаноци со раководствата на компаниите загубари и да изнајдат решение за долговите. Ова се вика префрлање на одговорност, и никако не може да се нарече решавање на проблем, се вели во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Владата наместо да се зафати со работа, препорачува други претпријатија да одлучуваат за загубарите.
– Ваквата неодговорност и неспособост не ги решава проблемите само ќе ги продлабочи. Со ова однесување останува неизвесна судбината на Еврокомпозит и МЖ Транспорт, вели ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението се наведува дека Владата се пофалила оти го решила проблемот, но наместо тоа, како што се посочува, само ги префрлила проблемите на

Пронајдете не на следниве мрежи: