Писмо од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата до повеќе лекарски здруженија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ уште во петокот минатата недела, до повеќе лекарски здруженија испратија писмо со известување дека до нив го доставуваат Предлог законот за докторска дејност кој беше поднесен од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.Во писмото од пратениците до лекарските здруженија во врска со овој предог закон, се потенцира дека поради тоа што за време на предизборната кампања на последните избори одредени политички партии ветуваа зголемување на платите на здравствените работници и подобрување на квалитетот на здравствениот систем во нашата држава, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакајќи овие ветувања да не се заборават и да се остварат, поднесоа Предлог закон за докторска дејност со кој што се предвидува утврдување на платите на општите лекари и специјалистите.
 

Исто така во писмото испратено до лекарските здруженија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека без оглед на тоа дали се на власт или во опозиција тие секогаш ќе се залагаат дадените ветувања кон граѓаните да се исполнуваат и реализираат.
На крајот, во писмото се потсетува и на досегашното залагање и искрен пристап од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во текот на изминативе 10 години со цел да се подобри и подигне квалитетот на македонскиот здравствен систем и здравствените услуги во целост.Во писмото од пратениците до лекарските здруженија во врска со овој предог закон, се потенцира дека поради тоа што за време на предизборната кампањ

Пронајдете не на следниве мрежи: