Со македонски пасош без виза може да се патува во 108 земји, што ја рангира Македонија на 40. место во светот на годишната листа на „Пасспорт Индекс“.Најценети патни исправи имаат Германија и Сингапур и со нив може да се патува без виза во 159 земји. По нив се Шведска и Јужна Кореја (158 земји), треторангирани се Данска, Финска, Италија, Франција, Шпанија, Норвешка, Велика Британија, Јапонија и САД (157), на четврто место се Луксембург, Швајцарија, Холандија, Белгија, Австрија и Португалија (156), петти Малезија, Ирска и Канада (155), шести Грција, Нов Зеланд и Австралија (154), седми Малта и Исланд (153), осма е Унгарија (151), на девето место се Словенија, Словачка, Полска, Литванија, Летонија (150), а десторангиран е пасошот на Естонија (149).
Од земјите во регионот, по Словенија, најдобро позиционирани се Бугарија и Хрватска на 14. место со чии пасоши може да се влезе во 144 земји, 37. е Србија (112 земји), 43. е Црна Гора (105), 47. е Босна и Херцеговина (101) и 48. Албанија (96).
На дното на листата на „Пасспорт Индекс“ на која се рангирани 199 земји во светот, се наоѓаат Авганистан, Пакистан и Ирак со чии патни исправи може да се патува без виза во само дваесеттина држави.Најценети патни исправи имаат Германија и Сингапур и со нив може да се патува без виза во 159 земји. По нив се Шведска и Јужна Кореја (158 зе