Директорот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ Златко Перински на денешната панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ под наслов „Единствени кои инвестираат во спортот“ вели дека тоа што нив ги прави единствени е беспрекорната соработка меѓу Агенцијата за млади и спорт и Спортскиот центар. Тој се надева дека резултатите кои во изминатиот период ги ефектуирале се видливи и оти македонската јавност ќе може да ги препознае.Перински истакна дека овој спортски центар е одлика работата на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
-Да не беше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Спортскиот центар „Борис Трајковски“ никогаш немаше да се изгради, истакна Перински.
Тој потсети на првиот натпревар кој се одигра во спортскиот центар беше во 2008. година, но и оти потоа следеше период на раст и развој на самиот центар.
-Како се нижеа годините, така СЦ „Борис Трајковски“ континуирано и континуирано растеше и се развиваше и практично сега сме во една фаза во која што не постои спорт кој не можеме да го реализираме. Некаде во 2011 година истото владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ целосно го реконструираше Базенот „Карпош“, сега наречен „Вип базен“. Потоа следеше на хокеј игралиштетот, па аквапаркот, па двете двојни тениски игралишта кои реализирани од страна на Агенцијата во проектот „Изградба на 120 тениски терени“, посочи Перински.
Според него, во овој момент практично не постои спорт кој не може да се реализира или да се одигра на професионално ниво, но како што вели, ние сепак не сакавме да застанеме тука.
-Во тој конктекст, како што ветивме пред граѓаните, така и продолжуваме да реализираме, и како што го најавивме проектот за изградба на затворена тениска арена со гимнастичка сала и сала за боречки спортови, проектирањето е веќе готово. Ова само ќе ја надополни и онака веќе богатата содржина која што ја нуди СЦ „Борис Трајковски“ и за прв пат во Македонија ќе имаме една затворена тениска арена, истакна Перински.
Вели дека во изминатиот период се работело на поголема достапност, првенствено до професионалните спортисти, но и според можностите и потребите на граѓаните во насока на развивање на рекреативниот спорт.
-Во изминатите години имаме просечна посетеност од преку 700.000 посети. За наши услови тоа е навистина една извонредна бројка. Во изминатите три години имаме организирано повеќе од 135 интернационални натпревари, повеќе од четири Европски првенства, едно Светско првенство и повеќе од 70 концертни манифестации. Овие бројки покажуваат дека во просек секој трет ден ние имаме голема спортска или културна манифестација во рамки на СЦ „Борис Трајковски“, потенцира Перински.
Истакна дека во 2016. година СЦ „Борис Трајковски“ имал нето добивка од 39 милиони денари, а за тоа придонело драстичното намалување на цените, како за националните спортски федерации и спортските клубови, така и за рекреативците.
Перински посочи дека многу е тешко да се направи толку голема добивка поради големите трошоци кои ги имаат сите Спортски центри.Перински истакна дека овој спортски центар е одлика работата на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
-Да не беше владата предводена од ВМРО-ДП