Груевски со генералниот секретар на ЕПП и директорот на „Вилфред Мартенс“ центарот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за време на посетата на Брисел денеска оствари средби со Томи Хунтанен, директор на „Вилфред Мартенс“ центарот при Европската Народна Партија, како и разговор со генералниот секретар на ЕПП, Антонио Лопез Истуриз. Груевски измиантиве денови имаше плодни средби на кои ги промовираше позициите и ставовите по клучните прашања за државата.-Средба со Томи Хунтанен, директор на “Вилфред Мартенс” центарот при Европската Народна Партија. Разговор со Генералниот секретар на ЕПП, Антонио Лопез Истуриз, напиша Груевски на социјалните мрежи.
Груевски вчера по средбата со Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, се обрати на Самитот на Европската народна Партија (ЕПП). Во фокусот на средбите беа притисоците врз медиумската сфера во Македонија и врз судството, како и целокупната атмосфера во македонското општество по доаѓањето на новата власт во земјата.
 
Груевски на две сесии се обрати на Самитот на најбројната политичка партија во Европскиот парламент, пред германската канцеларка Ангела Меркел, премиерите Орбан (Унгарија), Борисов (Бугарија), Варадкар (Ирска) и други државници.
– Денот го започнав со средба со шефицата за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини и на таа средба се задржав на две работи. Најпрво, на потребата што поитно Република Македонија да биде интегрирана во ЕУ, а се разбира и во НАТО и на потребата да се внимава за понатамошните случувања и процеси во Македонија. Тука имам предвид што се се случува со медиумскиот сектор во Македонија по доаѓањето на новата власт. Загушувањето и притисоците врз медиумите, особено врз сопственицита на медиуми, вклучително и притисоците на Специјалното јавно обвинителство и на намерите на новата власт за партизација на судството. Преку плаштот на нови реформи во судството, практично се има намера за партизирање и целосна контрола врз судскиот систем во Република Македонија, изјави Груевски.
Toj присуствуваше на Самитот на ЕПП на кој беа присутни и поголем број премиери, претседатели на партии и лидери на држави со кои со поголем број од нив, според Груевски, тој успеал да воспостави комуникација, да размени мислења за повеќе прашања, информации за Македонија и да лобира за понамошен макеоднски напредок во НАТО и во ЕУ.
– Покрај тоа, имав и две обраќања пред присутните. Едното беше во делот на точката поврзана со Брегзит и миграцијата, каде мојот дел беше фокусиран на прашањето за мигрантите и каде ги кажав нашите политики во врска со тоа и дека е добро тие да продолжат, како за Европа, така и за Република Македонија. Политиката на претходната Влада, додека јас бев премиер, што ја започнав за заштита на границите од масовен влез на мигранти е добро да продолжи. Исто така, говорев и за посебната точка на овој Самит поврзана со Западниот Балкан. Тука ги посочив деталите од сегашната политичка состојба и се што досега се случи, односно дека во Македонија имаше успешни избори на кои победи ВМРО-ДПМНЕ, но дека по првпат по долг период се прекрши правилото што од нас беше барано да се воспостави, а тоа е „победник со победник“ и се формираше нова Влада, која засега само говори, но не прави реформи, туку стопира проекти на претходната Влада, посочи Груевски.
Во рамки на неговата тридневна посета на европската престолнина, Груевски во Европскиот парламент се сретна со претседателот на Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ), Дејвид Мекалистер, а потоа и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Груевски имаше плодни средби на кои ги промовираше позициите и ставовите по клучните прашања за државата. Ова е втора посета на Груевски месецов на Брисел.-Средба со Томи Хунтанен, директор на “Вилфред Мартенс” центарот при Европската Народна Партија. Разговор со Генералниот секретар на ЕП

Пронајдете не на следниве мрежи: