Невработениот Јани Макрадули стана дел од тендерската коалиција СДС-ДУИ-Алијанса односно довчерашните недемократи и криминалци од ДУИ денес го изгласаа за заменик министер за животна средина каде министер е Командант Вентили кадар на ДУИ.Во партиските кругови во СДСМ е добро познато дека изминатите две години Јани Макрадули ги поминал со големи финансиски проблеми како невработен, но на крај му се исплатеше плукањето по коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Иако тој нема никаква познавања поврзани со министерството за животна средина и е дел од таканарчените „бранкови електраши“, односно има завршено Електротехнички факултет во Скопје, беше избран како заменик министер за животна средина.
Тој за време на пратеничкиот мандат беше жесток критичар на предходната владина коалиција на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Денес од лукративни причини стана заменик министер за животна средина во влада на ДУИ.
Толку од ветените професионални кадровски решенија на СДСМ. Сепак министерот Дамјан Манчевски за информатичко општество и администрација вети дека ниеден член на СДСМ нема да остане невработен. Новата Влада забрзано работи кон остварување на своите ветувања.
Во партиските кругови во СДСМ е добро познато дека изминатите две години Јани Макрадули ги поминал со големи финансиски проблеми како невработен, н