Сценариото кое и се подготвуваше и кроеше на Македонија цели три години почнува да ги добива целосните контури. Имено после посетата на Зоран Заев во Софија и изјавите за промена на Македонската историја како и радоста што ја предизвика кај негаторите на македонскиот јазик и македонскиот народ само потврдуваат дека целта на целото сценарио подготвено од надвор било тргање на Никола Груевски од власт бидејќи со својата политика спречувал остварување на антимакедонските цели, пишува Република.Дополнително овие неколку месеци антимакедонски пораки кои како фактури му стасаа на Зоран Заев дојдоа и од Тирана и од Атина. Од Тирана беше испорачана Тиранската Платформа која содржи елементи за редефинирање на Македонија во билингвална и бинационална држава како воведна фаза во некоја идна кантонизација и федерализација. Од друга страна од Атина беа потврдени ригидните ставови за промена на името на држава кое би се користело ерга омнес и за внатрешна и за надворешна употреба.
-Македонија е под синхронизиран удар. Се атакува и на македонската историја, и на македонскиот јазик и на македонскиот народ и на унитарноста на државата и на името на Република Македонија. Зошто токму сега во време на мандат на Зоран Заев се испорачуваат сите овие фактури. Од една едноставна причина затоа што на позицијата Премиер се наоѓа човек кој самиот призна дека не е патриот и кој најави дека е подготвен да дебатира и да се пазари со националните и државните интереси само за да биде власт, стои во текстот.
Сега веќе станува јасно зошто се организираше и сесрдно се помагаше тргањето на Никола Груевски од власт. Тој очигледно бил пречката поради која овие планови и антимакедонски цели не се реализирале досега. Јавноста беше сведок на притисокот од надвор кој Груевски го трпеше целиот овој период, а само може да замисли колку заткулисно бил притискан и уценуван 11 години да прави отстапки и компромиси со идентитетските прашања.
-Сега кога Зоран Заев е на власт целото сценарио е ставено , како што велат во СДСМ во 6-та брзина и тоа не само што ги добива контурите, туку и следи брза финализација. Финализацијата ќе биде целосно редефинирање на Македонија, бидејќи и самиот Заев најави дека сега било време и сега му е мајката да ја редефинираме државата, пишува порталот.Дополнително овие неколку месеци антимакедонски пораки кои како фактури му стасаа на Зоран Заев дојдоа и од Тирана и од Атина. Од Тирана беше испор