Владата на СДСМ без оглас и без елементарно почитување на законските норми именува и разрешува директори. Последен таков случај е именувањето на новиот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.Владата на СДСМ, со ова именување на директорот на АХВ, брутално го крши законот.
Во услови на траење на мандатот на директорот на Агенцијата, новата Влада на СДСМ со одлуката за именување на нов директор бесправно го има именува новиот директор и бесправно разрешено актуелниот директор, прекршувајќи ги член 18и член 21 од Законот за безбедност на храна.
Инаку, согласно член 18 став 1 и 2 од Законот за безбедност на храна, Владата на Република Македонија именува и разрешува директор кој раководи со Агенцијата за храна и ветеринарство. Мандатот на директорот трае четири години, со можност за повторен избор. Согласно истиот член став 3, за именување на директор се објавува јавен оглас во најмалку три дневни весници кои се издаваат на територијата на РМ, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.
Согласно член 21 (разрешување) Директорот на Агенцијата може да биде разрешен пред истекот на мандатот за кој е именуван во следниве случаи:
– на негово барање и
– ако настане некоја од причините поради кои, според прописите за работните односи, му престанува работниот однос по сила на закон и не постапува согласно со законодавството на РМ.
Со одлуката донесена на Владината седница не е испочитувана законски утврдената процедура за именување на Директор, односно неспорен е факот дека не е објавен оглас во најмалку три дневни весници кои се издаваат на целата територија на РМ согласно обврската утврдена во член 18 став 3, а посебно што треба да бидат исполнети посебни услови и квалификации за одредено лице да може да биде именувано за директор, таксативно утврдени во член 18 став 4 од Законот за безбедност на храна.
Со владината одлука е направено прекршување на Законот во делот на разрешување на актуелниот Директор на Агенцијата за храна и ветеринарство утврдено во член 21, односно актуелниот директор врз основа на Јавен оглас е именуван најпрво за в.д Директор на Агенцијата на ден 16.10.2014 година, а со Решение на Владата од ден 21.12.2014 година е именуван за Директор на Агенцијата со четири годишен мандат што би подразбирало дека мандатот сеуште не е завршен.
Во услови на траење на мандатот, новата Влада на РМ со одлуката за именување на нов директор бесправно го има именувано новиот директор и бесправно разрешено актуелниот директор прекршувајќи ги член 18и член 21 од Законот за безбедност на храна.Владата на СДСМ, со ова именување на директорот на АХВ, брутално го крши законот.
Во услови на траење на мандатот на директорот на Агенција