Им тргна на СДС со (анти)-реформите во образованието, напиша на Фејсбук претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.„Им тргна на СДС со (анти)-реформите во образованието!
Почна животот со “честитка” од Заев до бруцошите, прво ја секна струјата во студентскиот, сега ги укинува дисперзираните студии.. Очигледно елитизмот во СДС никогаш не исчезнал. Укинаа екстерно, ќе укинат кембриџ, СД Гоце Делчев за време на испитна сесија остана без струја цел ден, сега укинаа и дисперзирани студии. Ако продолжат вака ќе го укинат и образованието во Македонија. Денес илјадници студенти имаат право да бидат лути на новата Влада. Но, ова е само почеток. Веќе месец дена ќе помине немаат една работа воведено, освен укинување на проекти. Не заборавајте дека на СДС му треба необразован кадар, за да си ја вратат елитистичката политика во нивните тесни кругови по примерот татини и мамини дечиња.
Да ве потсетам дека од 2002 до 2005 над 100.000 деца беа надвор од образовниот процес, а Македонија тогаш беше на дното во светот по квалитет и можности за образование.
За жал, историјата почнува да се повторува.
Ние сме тука да не го дозволиме тоа!!! Нас ни е обврска да создаваме можности за сите млади, а не да укинуваме!!!“, напиша Нелоски.„Им тргна на СДС со (анти)-реформите во образованието!
Почна животот со “честитка” од Заев до бруцошите, прво ја секна ст